Поплава во клисура во Јужна Италија, најмалку осум жртви

47

Најмалку осум жители на јужната италијанска област Калабрија загинале во поплавата што ја зафати клисурата Полино, која е популарна туристичка дестинација.

Спасувачките екипи извлекле 12 лица кои биле заробени од поплавите, меѓу кои и 10-годишно дете. Но, тие се уште трагаат по неколку групи планинари, кои биле во клисурата во моментот кога реката ненадејно надошла и предизвикала поплава.

– Не знаеме уште колку точно луѓе се заробени од надојдената река. Се работи за тежок терен, длабока клисура долга километар, а на места широка само неколку метри – изјави Карло Танси, шеф на регионалните спасувачки служби.

Според него, на спасувачите ќе им бидат потребни повеќе часови да ја претражат клисурата.