Помпео: Турција останува клучен сојузник во НАТО и покрај несогласувањата со САД

29

Државниот секретар на САД Мајк Помпео увери дека и покрај тензиите поради приведувањето на американски светеник и други несогласувања, Турција останува клучен сојузник во НАТО.

САД планираат да работат во соработка со Турција и покрај санкциите од Вашингтон против двајца турски министри поради континуираното држење во затвор на американскиот свештеник Ендрју Бренсон, кој е обвинет од Анкара за шпионажа и поддршка на тероризмот.

На прашање, поставено за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур дали овој проблем го загрозува членството на Турција во НАТО Помпео одговори: Турција е партнер во НАТО, со кој САД имаат целосна намера да продолжат да соработуваат.

Помпео изрази надеж дека спорот околу задржувањето на свештеникот и на тројца локални службеници на Стејт департментот ќе биде решен во наредните денови.