Помпео побара сојузниците на САД да го прекинат финансирањето на Иран

19

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.

– Треба да го прекинеме целото финансирање, што режимот го користи, за да финансира тероризам и посредува војни- напиша Помпео на Твитер пред средбата во Брисел со Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.