Помпео: Нема да дозволиме Иран да развие нуклеарно оружје

42

САД ги следат наводите на Иран дека планира да ги зголеми своите капацитети за збогатување ураниум, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Тој истакна дека Вашингтон нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје.

– Иран е свесен за нашата решеност- наведе Помпео на Твитер.

Пратеникот на Техеран во МААЕ Реза Наџафи вчера изјави дека Иран нема веќе во целост да соработува со инспекторите за атомска енергија додека не се реши застојот во врска со нуклеарниот договор на таа држава со светските сили.