Помпео: Заканувачкото однесување на иранскиот режим нема да се толерира

27

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД ја поддржуваат Саудиска Арабија и нејзиното „право да се брани“ по нападот врз саудиските нафтени објекти, кои тој ги опиша како „воен чин“.

Помпео и принцот на саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман се состанаа во Jеда по повод нападот на беспилотното летало врз нафтените постројки, рече АП.

По средбата, тој на Твитер нападите ги нарече „без преседан“.

– Соединетите Држави го поддржуваат правото на Саудиска Арабија да се брани. Заканувачкото однесување на иранскиот режим нема да се толерира – рече Помпео.

Нападите ги проширија стравувањата од поширок конфликт во регионот, бидејќи тензиите ескалираа кога пропадна нуклеарниот договор на големите сили и Иран, пренесува АП.

Иран, кој негираше вмешаност во нападот што го извршија побунетите јеменски Хути, ги предупреди Соединетите Држави дека ќе возврати доколку биде нападнат.