Помпео е подготвен да сведочи во процесот за отповикување на Трамп

137

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека е подготвен да сведочи во процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп доколку има законска обврска.

– Доколку според законот морам да сведочам, како што веќе реков, ќе ми биде драго да го сторам тоа – изјави Помпео пред новинарите во Јамајка, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека не го следи процесот додека е на турнеја низ западната хемисфера.

Во американскиот Сенат почна судењето во процесот за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп по две основи – дека тој ја искористил позицијата да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да го истражи Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД, кој се смета за еден од неговите посериозни противкандидати за изборите во ноември, додека другата основа е наводната опструкција на Конгресот во истрагата што ја спроведува тоа тело.