Помпео вели дека САД можеби никогаш повеќе нема да ја финансираат СЗО

169

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека Светската здравствена организација (СЗО) треба темелно да се реформира и дека Соединетите држави, најголемиот донатор на таа агенција на ОН, можеби никогаш повеќе нема да ја финансираат.

– Мислам дека треба добро да ја претресеме СЗО и да видиме што ќе произлезе од тоа – рече Помпео за телевизијата „Фокс“.

– Последен пат ја реформиравме во 2007 година и ова е првпат да мора да се занимаваме со недостатоците на таа организација во рамките на ОН. Мора да ја поправиме, треба да направиме структурни промени во СЗО – додаде тој.

Претседателот Доналд Трамп го прекина финансирањето на СЗО минатата недела, обвинувајќи дека организацијата е склона кон Кина и ги поддржува кинеските дезинформнации за вирусот.

Претставниците на СЗО го негираа тоа, а Кина инсистира дека постојано презентирала транспарентни информации.

САД се најголемиот индивидуален спонзор на СЗО, со околу 400 милиони долари во 2019 година, што е околу 15 проценти од вкупниот буџет на агенцијата.