Половина тон кокаин запленет во Франција

37

На крајот од минатиот месец во северното пристаниште Данкерк француските власти запленија половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра, рече денеска францускиот министер за финансии, Жералд Дарманин, објави Ројтерс.

Се тврди дека дрогата била пронајдена на 29 април на брод со контејнери кој носел банани од малата јужноамериканска држава Суринам.

-Француското државно обвинителство спроведува понатамошни истраги- рече Дарманин во соопштението.