Половина од учениците во светот сè уште надвор од училишните клупи

82

На прагот сме на новата учебна година, а сè уште имаме висок број од над 800 милиони ученици што не можат да се вратат назад во училишните клупи (заклучно со средината на септември), поради пандемијата на ковид-19. Според УНЕСКО, оваа бројка претставува 48,6 отсто од сите ученици вклучени во наставниот процес во светот, што е речиси половина од вкупниот број во целиот свет. Во екот на пандемијата на почетокот од април, 1,6 милијарда ученици, односно над 90 отсто во светот, немаа часови со физичко присуство. Тогаш државните училишта беа затворени во 138 земји, а сега бројката се намали на 52 земји.