Полковникот што сведочеше против Трамп доби отказ

214

Потполковникот Александар Виндман од американскиот Совет за национална безбедност, еден од клучните сведоци во истрагата за импичмент против претседателот Доналд Трамп доби отказ од Белата куќа. Обезбедувањето го испратило од зградата, а неговиот адвокат Дејвид Пресман соопшти дека тој е и обвинет заради одмазда по неговото сведочење во истрагата.

Според Пресман, потполковникот Виндман е обвинет затоа што ја кажал вистината. Американските медиуми пренесуваат дека истиот ден е обвинет и братот на потполковникот кој, исто така, работел во Белата куќа.

Виндман, кој во јули лично го слушал телефонскиот разговор на претседателот Трамп со неговиот украински колега Володомир Зеленски, во ноември сведочеше дека Трамп упатил недолично барање до Зеленски. Спорниот разговор беше во центарот на истрагата против републиканскиот претседател. Виндман во Одбор на Претстваничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демокартите, рече дека не можел да им поверува на своите уши за тоа што го слушнал.