Полицијата употреби водени топови и солзавец на протестите во Хонгконг

45

Полицијата во Хонгконг употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои претходно ги гаѓале полицајците со молотови коктели.
До судири меѓу демонстрантите и полицијата дошло на повеќе локации во Хонгконг, а овонеделниот 22 протест прерасна во насилство откако демонстрантите запалиле барикади, метро станици и продавници.

На мета на демонстрантите, првпат во повеќемесечните протести, се најде и зградата на кинеската агенција Синхуа, каде демонстрантите искршиле прозорци и врати.

Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа оган во холот на редакцијата, но не е познато дали внатре имало луѓе.