Полицијата уапси маж кој во московска банка влегол како доставувач на храна, па се заканил со бомба

51

Полицијата во Москва по спроведени преговори, уапси еден човек, кој како заложници држел вработени во банка во центарот на грдот.

Според официјалните податоци на московските власти, киднаперот задржал шест лица, најверојатно вработени во руската Алфа банка.

Неговите мотиви сè уште не се потврдени, а според некои информации, тој побарал голема сума пари.

За него се верува дека бил вооружен со експлозивна направа, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на владини извори.

Според најновите податоци, вработените во банката биле ослободени.

Московската полиција соопшти дека напаѓачот дошол со торба за испорака на храна, а кога влегол во банката, рекол дека во торбата има бомба.