Полицијата и демонстрантите се судрија во Њујорк, демонстрациите се претвораат во хаос

87

Полицијата се судри со непослушна толпа демонстранти на Менхетн во средата вечерта, додека демонстрантите создадоа хаос, запалија огнови на улиците, а еден дури и му плукна во лице на полицаец, пренесува „Њуорк пост“.

Конфронтациите резултираа со апсења на 60 лица откако мирниот протест во паркот Вашингтон Сквер доби насилен пресврт. Претходните скандирања „Бројте ги гласовите“ беа заменети со антиполициски повици, необјасниви напади врз гостите во рестораните на отворено и палење огнови со ѓубре.

Прво, две лица облечени во црно го запалија знакот на кампањата на Џо Бајден, што доведе до аплауз. Потоа демонстрантите запалија куп ѓубре, кое подоцна полицијата го изгаси.

Околу 20 часот избувна судир кога групата ја пречекаа голем број полицајци облечени во опрема за брза реакција. Не беше веднаш јасно што ги натера полицајците да ја  опколат толпата, но биле видени како насилно апсат некои луѓе и се борат со други за време на хаотичната средба.

„Тргнете се!“ ѝ довикуваат полициските службеници на групата, принудувајќи ги да се тргнат од улицата.  „Срамота, срамота, срамота“, извикуваше групата додека полицијата опколи неколку луѓе на раскрсницата.

Една жена, подоцна идентификувана како 24-годишна Девина Синг, беше уапсена откако го плукна во лице еден полицаец и врескаше: „Фашист, фашист“. Полицаецот, пак, ја турна Синг во зградата и ја притисна на земја, предизвикувајќи бес кај другите демонстранти.

„Не се напаѓа жена!“ едно лице му викна на полицаецот.

Њујоршката полиција пронашла електричен пиштол, два ножа и М80 кај демонстрантите.

Претходно во средата, началникот на њујоршката полиција, Теренс Монахан, предупреди дека неговиот оддел ќе биде во потрага по сите агитатори кои се обидуваат да ги искористат инаку мирните протести.

– Ќе бараме анархисти кои се обидуваат да ги киднапираат овие мирни маршеви. Исто така, побаравме од организаторите да ни помогнат да ги идентификуваме овие луѓе надвор – рече Монахан.