Полициски хеликоптер „ловеше“ дрон на блокираниот аеродром во Франкфурт

76

Меѓународниот аеродром во Франкфурт  беше блокиран еден час поради дрон, објавија германски официјални претставници денеска.

Портпаролот на аеродромот изјави дека аеродромот не работел од 7.20 до 8.20 часот, додека сојузната полиција со хеликоптер го барала дронот и нејзиниот оператор, објави АП.

Полицијата  продолжува да го истражува инцидентот.