Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

199

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми.

Офицерот го преживеал нападот, бил хоспитализиран и се очекува да се опорави, соопшти полицијата на Феникс и ФБИ. Портпаролката на ФБИ исто така рече дека осомничениот е приведен по кратка бркотница.

Офицерот одговорен за безбедноста на судот бил член на американската Маршалска служба.

– За среќа, тој имаше заштитен елек кога беше застрелан – изјави анонимен полициски службеник за „Фокс њуз“. Тој, наводно, возвратил на напаѓачот, кој побегнал со автомобил.

Полицијата објави фотографија од сребрен седан, виден како се оддалечува од судницата, која сепак, остана отворена, и покрај пукањето, со дополнителна полициска заштита.

Ова е втор напад врз американски полицајци за само три дена. Во саботата, двајца полицајци во Лос Анџелес беа застрелани од непосредна близина додека седеа во патролен автомобил.

Човекот кој се обиде да ги убие поминуваше покрај паркираното полициско возило и во еден момент се сврте, извади пиштол и ги застрела, а потоа избега. Инцидентот беше снимен од уличните камери.