Политичарите можат да здивнат, Грета го насочи вниманието кон големите компании

155

Со недели наназад, сликите од Австралија ни се секојдневие, бидејќи пожарите уништуваат површина двојно поголема од Швајцарија. Сцените на јагленисани кенгури и коали, опожарени домови, гушење од чад, се доволни причини за да предизвикаат климатски промени, пишува магазинот „Форчун“.

На другиот крај на светот „Сименс“, германскиот индустриски гигант, кој во последните неколку години се постави како застапник на нему блиски по дејност компании за климатското дејствување, неочекувано се најде во центарот на немили случувања.

Деновиве, млади активисти за климатски промени преку социјалните мрежи организираа протести на локациите на „Сименс“ низ целата земја, поттикнати од шведската активистка Грета Тунберг.

Самата причина за протестите е контроверзна, бидејки станува збор за еден мал проект според стандардите на „Сименс“, вреден 18 милиони евра. Се работи за договор за транспортна врска преку железница во дел од австралискта сојузна држава Квинсленд наречен Басен Галилеј, каде се планира рудникот Кармајкл, да биде најголемиот рудник за јаглен во земјата.

„Сименс“ не ги поставува патеките, туку само ја обезбедува инфраструктурата на железничката сигнализација. Проектот ќе му обезбеди на рудникот важна транспортна врска до брегот за извоз и може да го отвори околниот рударски регион за понатамошна експлоатација на ресурси за неколку децении.

Климатските активисти сметаат дека водењето на кој било бизнис поврзан со индустријата за јаглен во Австралија е дел од поголемите еколошки проблеми кои имаат потенцијал да предизвикаат геополитички и економски кризи на глобално ниво.

Забележително е влијанието на Тунберг. Сега во нејзин фокус не се само законодавците, туку големите компании. Следната недела таа ќе го посети Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, со цел да ги поттикне водечките луѓе на големите компании да го намалат инвестирањето во фосилните горива. Во пресрет на почетокот на форумот, „Сименс“ е првата голема цел на Тунберг и на нејзината армија на поддржувачи.