Пожар остави 25.000 луѓе без дом на завојуваниот филипински остров Џоло

70

Голем пожар уништил најмалку 3.500 куќи на филипинскиот град Џоло, оставајќи 25.000 лица без покрив над главите.

Островот Џоло, на 1.000 километри од филипинскиот главен град Манила, е едно од упориштата на исламистичките група Абу Сајаф, а градот честопати е бојно поле меѓу групата која е поврзана со Исламската држава (ИД) и владините сили.

Во текот на 2017 година, групата беше активна на блискиот остров Минданао, каде над 1.200 борци и цивили беа убиени во петмесечната битка за градот Марави.