Пожар во хотел во Љубљана, евакуирани 100 лица (видео)

104

Во хотелот „Унион“ во центарот на Љубљана денеска изби пожар поради што се евакуирани стотина луѓе, соопшти словенечката полиција.

Огнот се уште не е локализиран, а во неговото гаснење учествуваат 75 пожарникари со 14 противпожарни возила, а полицијата истакнува дека никој не е повреден.

Пожарот изби во поткровјето на хотелот со четири ѕвездички. Но, се уште не е позната причината за избивање на огнот.