Пожар во трговски центар во Москва, еден загинат

619

Едно лице загина во пожар во трговски центар во источниот дел на Москва, јавуваат руските медиуми.

Според извори во службата за вонредни ситуации, евакуацијата е во тек, а досега се евакуирани околу 700 луѓе.

Во гасењето на пожарот, кој избувнал заради краток спој, учествуваат и два хеликоптера „КА-32“.

РИА Новости наведува дека инцидентот се случил токму во моментот кога во трговските центри низ Русија, по трагедијата во Кемерово, се вршат засилени безбедносни проверки.

Во пожарот во трговскиот центар во Кемерово на 25 март загинаа 64 луѓе, од кои 41 дете.