Пожар во зграда во Швајцарија, шестмина мртви

115

Шест лица загинаа во пожар во стан во швајцарски Солотурн, додека поголем број луѓе од зградата во која избувнал пожарот се превезени во болница, јавува Ројтерс.

Од локалната полиција потврдија дека меѓу загинатите има и деца, но не откриваат други детали.

Во тек е истрага за причините за пожарот.

Според првичните информации, пожарот избувнал на еден од долните катови. Чадот на скалите го забележал еден од станарите и околу два часот по полноќ ги алармирал пожарникарите. Во зградата во тоа време имало околу 20-сеттина луѓе. Пожарникарите успеале да ги спасат, но шестмина сепак починале на местото на настанот.

Поради превентивни мерки, била евакуирана и соседната зграда, но станарите таму можеле подоцна да се вратат во своите домови.