Пожарите во Амазонија разгореа битка со меѓусебни обвинувања во Бразил

293

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги обвини организациите за заштита на животната средина за предизвикување на пожарите во Амазонија, во обидот за смирување на се поголемиот број на критики од меѓународната јавност поради неговиот неуспех за заштита на најголемата светска дождовна шума, пренесува „Гардијан“.

Откако Болсонаро дојде на власт, агенцијата за заштита на животната средина го намали бројот на издадените казни, а министрите јасно ставија до знаење оти се на страната на дрвосечачите, во однос на локалното население кое живее во дождовната шума.

Незадоволството на меѓународната јавност ги наведе Норвешка и Германија соопштија дека ќе ги сопрат донациите на фондот за Амазон, кој поддржува повеќе невладини организации за заштита на животната средина, како и владини агенции. Актуелни се и повиците за сопираење на трговски договор со Бразил и со другите јужноамерикански држави од страна на Европа. 

Болсонаро сугерира дека пожарите се предизвикани од невладините организации за да ја посрамотат неговата влада.

Жаир Болсонаро

– Во врска со прашањето за горењето на Амазон, кое според моето мислење можеби е иницирано од невладините организации, бидејќи тие загубија пари. Која е намерата? Да се донесат проблеми во Бразил – кажа Болсонаро, кој претходно тврдеше дека организирани групи намерно ги подметнале пожарите за потоа да ги снимаат.

Активистите, пак, тврдат дека неговите коментари се апсурден обид да го оттргне вниманието од проблемот за невниманието кон шумите.

– Тие кои го уништуваат Амазон и допуштаат уништувањето на шумите да продолжи непречено, се поттикнати од постапките на владата на Болсонаро. Од доаѓањето на власт, сегашната влада системски ја уништува бразилската политика за зачувување на животната средина – кажаа претставниците на „Гринпис Бразил“.