Подигнато обвинение против Саркози

132

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет во рамки на истрага за либиско финансирање на неговата изборна кампања за претседателските избори во 2007 година, јавија француски медиуми повикувајќи се на судски извори.

Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, прецизирал изворот.

Според него, поранешниот претседател на Франција и понатаму е под судски надзор.

Саркози кој беше претседател од 2007 до 2012 година, во рамките на оваа истрага го сослушуваа од Службата за борба против корупција и финансиски и фискални прекршоци.