Поделено курбанско месо за 2,3 милиони сиромашни луѓе

59

Одбележувајќи го муслиманскиот празник Курбан Бајрам, турската Фондација за хуманитарна помош (ИХХ) сподели курбанско месо за околу 2,3 милиони сиромашни луѓе во 103 земји низ целиот свет.

Во соопштението на организацијата со седиште во Истанбул, се наведува дека курбанско месо е доставено до луѓето во бегалските кампови, во сиромашните и регионите разорени од војна, како и во областите погодени од природни катастрофи.

„Приоритет имаа Сирија, Ирак, Палестина, Сомалија, Јемен, Бангладеш, мјанмарската држава Ракини кинескиот регион Синџијанг“, се наведува во соопштението на организацијата, пренесува Анадолија.