Повторно пукање во САД, овој пат во Сан Диего

51

Пет членови на едно семејство загинаа во пукање во Сан Диего. Според првичните информации, загинале три деца, додека едно (на 11-годишна возраст) било пренесено во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Во тек е операција.

На самото место загинале тригодишно момче, 29-годишна жена и маж на возраст од 31 година. Уште две момчиња на возраст од 5 и 9 години починале во болница.

Лицето кое се јавило во полиција не кажало ништо, но во позадина се слушала расправија. Полицијата веднаш се упатила кон местото на настанот, а во меѓувреме следела уште една пријава од соседството. Потоа се слушнале истрели.

Кога полициските екипи пристигнале до куќата, тропнале на вратата, но никој не отворил. Потоа пошле до прозорецот и виделе дете како лежи во крв.

Првичните резултати од истрагата покажуваат сомнежи дека еден од настраданите членови на семејството ги убил другите, а потоа си пресудил себеси.