Повторно затворен поранешниот претседател на Киргистан

118

Претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков отпушти највисоки безбедносни функционери во обид да ја консолидира својата моќ и нареди повторно затворање на поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев, кој беше ослободен од затвор пред само неколку дена.

Во исто време, парламентот работи на обезбедување кворум за гласање на новата влада и ставање крај на политичкиот ќор-сокак во централноазиската држава, која беше опфатена со немири по спорните избори на 4 октомври.

Воените контролни пунктови беа поставени преку ноќ околу главниот град Бишкек, а оклопните возила беа забележани во градот откако Женбеков нареди распоредување војници за да се воспостави ред во немирите.

Женбеков ги отпушти највисоките безбедносни функционери кои ги поддржуваа неговите противници или не реагираа кога опозицијата во вторникот соопшти дека ја презема власта.

Службата за државна безбедност објави дека го привела Атамбаев под обвинение за поттикнување немири. Поранешниот претседател некогаш беше заштитник на Женбеков, а сега му е најголем непријател. Приврзаниците на Атамбај во вторникот го ослободија поранешниот претседател од затвор каде што издржуваше долга казна под обвинение за корупција.

Парламентот планираше да се собере во претседателската резиденција на периферијата на Бишкек, откако демонстрантите упаднаа во парламентот и ги окупираа владините згради.

Русија, која има значајно влијание врз Киргистан, оваа недела ситуацијата ја опиша како хаотична. Повредени се над 1.200 луѓе, а едно лице е убиено во уличните нереди од почетокот на протестите против спорните избори. Владејачката партија прогласи победа, а опозициските партии пак не ги признаваат изборните резултати.

Оваа поранешна советска република со 6,5 милиони жители е од стратешко значење. Во неа се наоѓа руска воена база и делува како трговски центар помеѓу Кина и Русија.


Полициски час во Бишкек – забранети се протести и масовни собири во Киргистан

Парламентот на Киргистан едногласно го утврди новиот состав на владата предводена од премиерот Садир Запаров. Сите присутни пратеници на седницата во државната резиденција „Ала Арча“ едногласно гласаа за кандидатурата на Запаров.

Претходно, оставка поднесоа претседателот на киргистанскиот парламент, Дастанбек Џумабеков и премиерот Кубатбек Боронов.

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков е подготвен да поднесе оставка, рече Запаров.

„Зборував со претседателот пред собраниската седница. Тој е подготвен да си даде оставка “ рече Запаров.

Командата на градот Бишкек воведе полициски час во главниот град на Киргистан, од 21 до 5 часот наутро. Полицискиот час важи за сите граѓани на Бишкек и странците, освен за вработените во државните и градските служби кои соработуваат со градската команда”, стои во соопштението објавено на Фејсбук.

Вчера, Женбеков истакна дека судбината на Киргистан е „во опасност“. Во исто време, како што рече, тој е подготвен да ја напушти својата функција само доколку земјата оди по легалниот пат.

Претходно беше објавено дека е воведен полициски час во главниот град на Киргистан, додека вчера беше воведена вонредна состојба. Во моментот, полицијата и армијата се на улиците во Бишкек.