Повик до сите Германци да носат кипа во знак на солидарност

158

Се повикуваат Германиците од сите вери в сабота да носат традиционална еврејска капа, наречена кипа, во знак на солидарност со еврејската заедница, откако се зголеми бројот на антисемитски напади, пренесува „Гардијан“.

Се организираат протести на територијата на цела Германија откако комесарот на антисемитизмот во Берлин, Феликс Клајн, предупреди дека мажите од еврејската заедница во Германија треба да избегнуваат носење на традиционалните еврејски капи на некои јавни места.

Минатата година биле пријавени 1.800 антисемитски напади, во кои било вклучено вербално и физичко насилство и смртни закани. Реалната бројка се смета за многу повисока.

Клајн побара дополнителна помош за да се едуцираат полицијата, судовите и другите државни функционери кои, како што изјави тој, се недоволно информирани за проблемот и како да се справат со истиот.