Повеќе туристи повредени во експлозија на автобус кај египетските пирамиди

176

Силна експлозија денеска уништи туристички автобус во близина на новиот Голем египетски музеј што се гради во областа на пирамидите во Гиза, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од египетските безбедносни служби.

Изворите засега не дале никакви информации за евентуални жртви, но на социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетениот автобус и повредени туристи.