Повеќе од 60 жртви во поплавите во југоисточна Африка

40

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од илјада луѓе ги напуштија своите домови, откако обилни дождови предизвикаа поплави и свлечишта долж брегот на југоисточна Африка, соопштија локалните власти.

Поплавите најтешко го погодија подрачјето во околината на пристанишниот град Дурбан во Јужноафриканската Република.

Како што јави „Ројтерс“, срушени се голем број станбени објекти, а спасувачите ги пребаруваат рушевините.

Властите во Танзанија наредија евакуација на жителите од ниските подрачја и затворање на училиштата и канцелариите, пред налетот на тропскиот циклон Кенет, на брегот на соседен Мозамбик, кој е најавен за в четврток.