Повеќекратно зголемена радијација во Северодвинск

130

Руските власти соопштија дека нивото на радијација во градот Северодвинск се зголемило помеѓу четири и шеснаесет пати по експлозијата на ракета на нуклеарен погон на воениот полигон. Инцидентот се случи во четвртокот, а официјална Москва дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер. Според најновите информации, во несреќата животот го загубиле најмалку седум лица. Поради шпекулациите и молкот на властите, жителите на Северодвинск почнале да прават резерви од јод, кој се користи за намалување на ефектите од зрачењето.