Пилоти ја загубиле лиценцата оти слетале на погрешна писта

1152

Виетнамска воздухопловна компанија привремено им ги одзема лиценците на двајца пилоти бидејќи минатиот месец слетале на недовршена писта на северот на Виетнам, објавија денеска медиумите.

„Виетнам ерлајнс“ им ја одзеде лиценцата на пилотите на два месеца откако нивниот авион претрпе помала штета при слетувањето на погрешната писта на 29 април.

Во авионот Ербас А321 на летот од главниот град Хо Ши Мин имало 203 патници, но во инцидентот никој не бил повреден.

Од остатоците на градилиштето биле оштетени моторот и крилото на авионот.

Грешката се случила бидејќи пилотите не знаеле дека пистата сė уште е во изградба, се вели во извештајот на управата за воздухопловство.