Пет починати од листерија во Англија

55

Британското министерство за здравство нареди вонредна контрола на храната која се сервира во болниците во земјата откако на крајот на мај и почетокот на јуни пет пациенти умреле од листерија која ја имало во сендвичите и салатите.

Лекарите ја поврзале појавата на листеријата со сендвичите и салатите од „The Good Food Chain“ кој снабдува со храна десетици болници во Велика Британија.

Откако сомнителната храна била повлечена, не бил регистриран ниту еден смртен случај.

Листеријата е бактерија која кај здравите луѓе предивикува сериозни проблеми, но може да биде фатална кај лица кои поради други заболувања имаат намален имунитет.