Пет луѓе загинаа кога авион принудно слета во Украина

329

Пет луѓе загинаа за време на принудно слетување на украински товарен авион „Ан-12“ во близина на Лавов, во западна Украина.

Во несреќата повредени се и три лица.
Авионот требало да слета во Лавов, но морал порано принудно да слета бидејќи останал без гориво, објави на Фејсбук украинското Министерство за инфраструктура.

Украинската служба за вонредни ситуации навела дека осум луѓе биле во авионот.