Петер Мадсен, убиецот на шведската новинарка Ким Вал, фатен при бегство од затвор

249

Данскиот пронаоѓач и претприемач, Питер Мадсен, кој ја уби шведската новинарка Ким Вал, бил фатен во обид да избега од затвор, пренесува Би-би-си.

Полицијата соопштила дека уапсила човек во близина на затворот, а данските медиуми подоцна потврдиле дека станува збор за Мадсен.

Сликите од местото на настанот покажуваат вооружена полиција околу него, во близина на затворот, западно од Копенхаген.

Мадсен беше осуден на доживотен затвор за убиството на Ким Вал.

Пред две години, сакајќи да направи интервју со Мадсен, познат како градител на подморници, Ким била поканета на неговата подморница.

Нејзиното осакатено тело 11 дена подоцна го открил минувач на плажа.

Мадсен е сликан од фотограф од веб-страницата „Ектрабладет“, на која се гледа осудениот убиец како седи покрај оградата со појас околу половината.

Данските медиуми објавиле дека тој и рекол на полицијата во затворот Херстетвестер, дека носи бомба.

На судењето, тврдењето на Мадсен дека смртта на новинарката на неговата подморница во 2017 година е несреќен случај, беше одбиено. Подоцна признал на новинар дека е виновен.

Ким Вал беше новинарка, која известуваше низ целиот свет, од Северна Кореја до Уганда, за разни реномирани медиуми. Интерјуто со Мадсен во неговата 40-тонската подморница, требало да биде нејзината последна приказна во Данска, пред да се пресели во Пекинг со својот партнер од Данска.

Полицијата од западен Копенхаген не открила многу за тоа што се случило во затворот Албертлзунд, освен дека мажот бил уапсен при обид да избега.

На Мадсен му била изречена доживотна казна затвор за убиство, што обично значи затворска казна од 17 години, објавила данската државна телевизија.