Песков: Русија се надева на обнова на дијалогот со САД

1158

Русија се уште се надева дека ќе дојде до обнова на дијалогот со САД и покрај „сите штети“ врз билатералните односи што ги предизвика Вашингтон, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Се надеваме дека со текот на времето кога нашите американски колеги ќе ги надминат нивните внатрешни проблеми, ќе започнеме дијалог и покрај штетите што по вина на Вашингтон им се нанесени на билатералните односи – нагласи Песков.

Тој ги отрфрли како неосновани обвинувњата дека Русија го оневозможува пристапот на тимот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) до сирискиот град Дума, каде се тврди дека на 7 април бил извршен хемиски напад, што беше и повод за саботните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија.