Песков: Русија сака да соработува со НАТО иако е сојуз создаден за конфронтација

48

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека НАТО секогаш бил инструмент на агресија и конфронтација, но Русија сака да соработува со алијансата.

– Повеќе пати имаме изјавено дека НАТО е создадено за конфронтација. Меѓутоа, Русија никогаш не избегнувала соработка со НАТО – истакна Песков, а пренесе агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека Русија никогаш претерано не ја нагласувала улогата на Севрноатлантската алијанса во обезбедувањето на глобална европска безбедност и стабилност.

– Бидејќи тоа е инструмент на конфронтација и понекогаш на агресија. Тоа е нашето мислење за НАТО – наведе Песков.

Тој коментирајќи ја вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, наведе:

– НАТО можеби е живо или мртво, ние не сме паталози да испитуваме и да одлучуваме кои делови од НАТО се коматозни – вели Пасков.

Макрон во интервјуто за „Економист“ изјави дека НАТО е клинички мртво и дека е време Европа да почне да размислува за себе како геополитичка сила.