Песков: Путин работи како печка што не може да се исклучи

82

Рускиот претседател Владимир Путин толку многу работи што е како печка која се користи за топење метал, изјави денеска неговиот портпарол.

– Претседателот работи како висока печка која е невозможно да згасне, тој работи постојано – рече Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Путин (67) веќе 20 години е премиер или претседател на Руската Федерација.

– Путин буквално нема слободен викенд. И кога може да си дозволи слободен ден, тој е на работа – вели Песков.