Песков: Путин не може да биде доброволец за вакцината против ковид-19

154

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе се вакцинираат против коронавирус до крајот на клиничките испитувања.

Ова денес на новинарите им изјави портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков.

– Секако, шефот на државата не може да учествува во вакцинацијата како доброволец – објасни Песков на прашањето зошто рускиот лидер досега не добил руска вакцина против ковид-19.

Песков рекол дека во Русија се уште не почнала масовна вакцинација.