Песков му одговари на Зеленски: Крим е руски

65

Крим е руски регион и неговата припадност кон Русија не е доведена во прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи му на новиот украински претседател Володимир Зеленски, кој им вети на Украинците дека ќе им го врати Крим.

– Зборувајќи за Крим, ние постојано повторувавме дека таква тема не постои и не може да постои, тоа е еден од руските региони – изјави Песков, објави агенцијата ТАСС.

Зеленски „може и мора да го реши” внатрешниот проблем врз основа на јасно утврден план со договорот од Минск, рече тој.

Песков рече дека, засега, во агендата не е планирана средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.