Пентагон повлекува 12.000 војници од Германија

48

САД повлекуваат речиси 12.000 војници од Германија по повикот на претседателот Доналд Трамп за намалување на американската воена распространетост низ светот, како што ја опиша, „поради прекумерно трошење во одбраната“ јави „Ројтерс“. Според планот, 5.600 американски војници ќе бидат распоредени од Германија во други сојузници на НАТО, вклучувајќи ги Белгија и Италија. Уште 6.400 ќе се вратат во САД, иако повеќето од овие сили, како што опиша Пентагон, ќе бидат пренасочени кон „континуирана ротација“ во регионот на Црно Море, пишува Гласот на Америка. Инаку, САД во моментов имаат 36.000 војници во Германија во неколку бази, вклучувајќи ја и воздушната, Рамштајн. Како дополнување, во Штутгарт, се наоѓа седиштето на американската команда за Европа.