Пентагон одобри една милијарда долари за ѕидот на Трамп

175

Привремениот секретар за одбрана Петрик Шенахан го авторизира командантот на Инженерскиот корпус на американската војска да почне со планирање и доделување една милијарда долари за поддршка на Министерството за домашна безбедност и пограничните служби. Парите ќе бидат искористени за изградба на „пешачка ограда“, долга 90 километри и висока 5,5 метри, како и за поправка и изградба на патишта и за инсталирање осветлување во граничните сектори Јума и Ел Пасо.

Ваквата одлука е најнов развој на настаните околу обидот на претседателот Доналд Трамп да префрли фондови за изградба на ѕидот, главно изборно ветување во 2016 г., откако Конгресот одби да ги додели средствата.