Пенс: САД со сојузниците можат да работат на нов договор

362

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД можат да работат со своите сојузници на постигнување нов договор, кој „ја ограничува малигната активност на Иран и го спречува некогаш да стане нуклеарна сила“.

Пенс рече дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран, кој беше потпишан во 2015, затоа што не можат да дозволат земјата да добие нуклеарно оружје.

Тој тврди дека актуелниот договор „практично ја гарантира способноста на Иран да почне да прави нуклеарно оружје до 2025 година“.