Педесет луѓе се водат како исчезнати во нападот во хотелски комплекс во Најроби

79

Педесет луѓе се уште се водат како исчезнати во хотелскиот комплекс во Најроби по вчерашниот напад, соопшти Црвениот крст.

Тоа беше објавено неколку часови откако претседателот на Кенија објави дека смртоносната опсада е завршена.

– Најмалку 14 луѓе загинаа и над 700 беа евакуирани од хотелскиот комплекс во Најроби, изјави кенискиот претседател Ухуру Кенијата.

Нападот го извршиле пет терористи кои загинале. Одговорност за 20-часовниот напад презеде радикалната исламистичка група Ал Шабаб.