Педесет и седум полицајци дадоа отказ по инцидент на протестите во Бафало

184

Сите педесет и седум полицајци во Бафало дадоа отказ откако двајца полицајци беа суспендирани бидејќи турнаа на земја 75-годишен маж кој протестираше, објави Си-ен-ен.

Во тек е истрага за инцидентот, кој гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, го нарече целосно неоправдан и срамотен.

Си-ен-ен додава дека турнатиот човек е тешко повреден.

Видеото кое кружи на американските медиуми, покажува како неколку полицајци се движат кон 75-годишникот, а двајца од нив го туркаат на земја. Тој паѓа на земјата додека полицајците поминуваат покрај него, а по неколку секунди се гледа како од главата му истекува крв.

Инцидентот се случил за време на протестите на плоштадот Нијагара, што се одржаа во чест на Џорџ Флојд. Се работи за Мартин Гугин, кој е хоспотализиран и е во тешка, но стабилна состојба.

Во единицата за итни случаи отказ дале 57 полицајци, а градоначалникот изјавил дека сега градот е без оваа единица.

Претседателот на здружението на полицајци во Бафало, Џон Еванс, рекол дека полицајците само ја почитувале наредбата да го расчистат плоштадот.