Педесет деца спасени во разбивањето на меѓународен синџир на педофилија

65

Двегодишната меѓународна операција во која беа вклучени полициите на Австралија, Бугарија, Нов Зеланд, Тајланд и на САД, во координација со Интерпол, доведе до апсење на девет наводни сексуални престапници во Тајланд, САД и во Австралија, пренесува Дојче веле. Во оваа меѓународна операција беа спасени 50 деца.

Истрагата започна во 2017 година откако полицијата пронашла материјали на кои било прикажано злоупотребување на 11 момчиња, сите под 13-годишна возраст, од страна на меѓународен онлајн синџир на педофилија кој оперира на „дарк веб“ врз основа на претплата.

Полицијата изјавила дека биле спасени 50 деца, од кои најмладата жртва била на 15-месечна возраст. Полицијата работи на идентификување на жртвите.

– Оваа операција испраќа јасна порака до оние кои ги злоупотребуваат децата, и создаваат содржина со сексуална експлотација на деца, што ја споделуваат на Интернет. Ве држиме на око и ќе бидете изведени пред лицето на правдата – изјавил генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.