Пацифичките островски земји ги повикаа САД да се вратат во Парискиот климатски договор

25

Островските држави од Тихиот Океан во заедничка декларација за климатските промени ги повикаа САД да се вратат во Парискиот договор за климата.

Декларацијата е усвоена на самитот на 18-те земји во малата островска држава Науру.

– Климатските промени претставуваат најголемата поединечна закана за егзистенцијата, безбедноста и просперитетот на народите од Пацификот” – се вели во декларацијата. „Се надеваме дека САД повторно ќе станат дел од Парискиот договор, бидејќи значително намалување на штетните емисии е невозможно се додека најголемиот извор на стакленички гасови не учествува во процесот, рече премиерот на Тувалу, Енеле Сопоага.

Присутните потсетија дека еден од 18-те учесници на форумот – Австралија, исто така го следеше примерот на САД и се повлече од Парискиот договор. Сопоага не сакаше да ја именува конкретната земја, и само рече дека таа почнува со буквата А. Друга земја учесничка на средбата во Науру, чие име започнува со А, нема.

Портпаролот на австралискиот министер за надворешни работи сè уште не ја коментираше изјавата.