Париската полиција повторно употреби солзавец врз демонстрантите

31

Француската полиција повторно употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа паркингот за автобуси во Париз, протестирајќи поради плановите на Владата на Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години.

На снимките што на Твитер ги објави телевизијаа БФМ се гледа како полицијата исфрла созлавец врз група луѓе собрани на влезот од паркингот, пренесува „Танјуг“.

Протестите кои денес влегоа во 29. ден се најдолги од 1968 година, пренесува „Ројтерс“.

Францускиот тврдокорен синдикат ЦГТ повика на продолжување на штрајковите во земјата, еден ден откако Макрон изјави дека нема да се откаже од реформите на пензискиот систем зашто тие се проект за социјална правда и напредок.