Папуа Нова Гвинеја: Се активира вулкан, 2.000 евакуирани

380

Вулкан се активира на островот Манам, во Папуа Нова Гвинеја, поради што денеска околу 2.000 луѓе беа евакуирани, соопшти Националниот центар за вонредни состојби. 

Вулканот на островот Манам е еден од најактивните во таа област, а на островот живеат околу 9.000 луѓе.

Д осега нема извештаи за повредени. 

– Три села се најдоа на патот на лавата, па жителите беа евакуирани – рече директорот на Центарот за вонредни ситуации, Мартин Моуз. 

Над вулканот, се издигна столб од чад и пепел, висок 15 километри.