Папата го нападна предлогот на Трамп за израелско-палестинскиот проблем

72

Папата Франциско предупреди на неправедно решение на израелско-палестинскиот проблем, нагласувајќи дека тоа ќе биде само вовед во нова криза, по блискоисточниот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.

– На средоземниот регион моментално му се заканува избивање нестабилност и конфликт на Блискиот исток и разни земји во северна Африка и меѓу разни етнички, верски и конфесионални групи – рекол Франциско.

– Не можеме да ги занемариме нерешените судири меѓу Израелците и Палестинците, со опасност поради неправедни решенија кои би можеле да бидат вовед во нова криза – предупредил папата.