Официјален погреб на жртвите на медицински експерименти на нацистите

219

Посмртни останки од жртвите што нацистите ги користеле за медицински експерименти, ќе бидат погребани денеска, повеќе од 70 години по завршувањето на диктатурата на Адолф Хитлер.

Повеќе од 300 микроскопски примероци од ткиво, кои припаѓаат на претставници на Движењето на отпорот, главно жени што биле убиени за време на Третиот Рајх, а потоа користени во експерименти, ќе бидат погребани денеска во Берлин, пренесува АП.

Остатоците им припаѓаат на жени што биле заробени во затворот Плеценце, каде што биле убиени повеќе од 2.800 луѓе за време на Втората светска војна.

Како што се наведува, телата на мнозинството жртви потоа биле сецирани на анатомскиот институт на Универзитетот во Берлин.

Пред три години примероците од ткива на жртвите биле откриени од наследниците на анатомот Херман Стив, кои ги предале на активисти од меморијални групи.