Отфрлено барањето за прогласување на судењето за импичмент на Трамп за неуставно

187

Американскиот Сенат вчера го отфрли предлогот на републиканскиот сенатор Ранд Пол да го прогласи за неуставно судењето за импичмент против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесуваат светските медиуми.

Предлогот беше одбиен со 55 гласа, а 45 сенатори гласаа „за“. Потребно беше просто мнозинство (51) за да се отфрли барањето. Петмина републикански сенатори застанаа на страната на демократите и гласаа против иницијативата на нивниот сопартиец.

Претставничкиот дом на САД, контролиран од демократите, на 13 јануари го одобри текстот на резолуција за импичмент на Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт. Во резолуцијата се вели дека Трамп покажал дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и за Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата.

Демократите го иницираа првото судење за импичмент на Трамп во 2019 година, но тој на почетокот на 2020 година обид не успеа во Сенатот, во кој доминираа републиканците.

Новиот обид за импичмент беше инициран поради изјавите на Трамп на 6 јануари кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Капитол во Вашингтон да ги запрат владите официјално да ги потврдат резултатите од претседателските избори во ноември. Ова беше последен обид да се спречи демократот Џо Бајден да стане нов претседател.

Ситуацијата е без преседан бидејќи за првпат во историјата на земјата претседател (кој веќе ја напушти функцијата) да биде предмет на постапка за импичмент двапати.